Достапни линкови

logo-print

Пакистан: ТВ пораки на Обама и Клинтон


Неколку пакистански ТВ канали објавија видео клипови во кои американскиот претседател Барак Обама и Државниот секретар Хилари Клинтон го осудуваат филмот во кој се навредува пророкот Мухамед. Стејт департментот соопшти дека амбасадата на САД во Исламабад го поделила краткиот клип, во кој меѓу другото се нагласува дека филмот не е направен од страна на американската влада и оти никогаш нема оправдување за насилства. Обраќањата на Обама и на Клинтон се титлувани на јазикот Урду.
Инаку, вчера во Исламабад илјадници луѓе протестираа, при што во судири со полицијата имаше многу повредени.
XS
SM
MD
LG