Достапни линкови

Србија очекува помош од САД за решавање на косовското прашање


Српскиот премиер Ивица Дачиќ .

Српскиот премиер Ивица Дачиќ .

Србија очекува помош од САД за решавање на косовското прашање, му пренел српскиот премиер Ивица Дачиќ на новиот американски амбасадор во Белград, Мајкл Кирби.

„Српската Влада сака решавање на проблемите во Косово и Метохија по мирен пат со дијалог и очекува помош од САД за изнаоѓање праведно и трајно решение со почитување на легитимните интереси и на Србите и на Албанците, рекол Дачиќ.

Дачиќ и Кирби оцениле дека соработката на Србија и САД во борбата со организираниот криминал дава добри резултати.
XS
SM
MD
LG