Достапни линкови

Путин во посета на Казахстан


Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја започна посета на Казахстан. Тој треба да се сретне со својот казахстански колега Нурсултан Назарбаев и да присуствува на Форумот за меѓурегионална соработка.
Руските новински агенции соопштуваат дека за време на посетата ќе бидат потпишани и 13 договори во вредност од 1, 8 милијарди долари. Договорите се однесуваат на соработката во производство на автомобили, како и на руското учество во изградбата на термоцентрала во Казахстан. Русија и Казахстан имаат еден од најдобрите билатералните односи во рамките на Заедницата на независни држави.
XS
SM
MD
LG