Достапни линкови

Обама: Нема оправдание за насилство


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не постои оправдание за нападите врз американските амбасади, мотивирани од филм кој го вреѓа Исламот. “Јасно кажав дека Соединетите американски држави ги почитуваат народите од сите религии. Ние ја застапуваме религиозната слобода и се противиме на дениграција на било која религија, вклучувајки го и Исламот” рече Обама. “Сепак не постои оправдание за било какво насилство” дополни претседателот.
XS
SM
MD
LG