Достапни линкови

logo-print

„АМАН“ доби конкурент во „Изгор-Приватизација“


Работник во ЕВН.

Работник во ЕВН.

Уште една граѓанска иницијатива се противи на зголемувањето на цената на струјата. Но, „Изгор-Приватизација“ за високите цени на струјата ја обвинува СДСМ и тоа што во 2006-та го продадоа ЕСМ.

„Оваа приватизација го изгоре народот. Јасно ни е на сите што се случува. ЕВН денес е приватен монопол. Тие бараат покачување на струјата и цените одат нагоре. Тие ги диктираат цените. Нема кој да им забрани кога тоа со договорот за продажба им е дозволено. Колку е цената во Австрија кај нив, толку ќе биде и кај нас ако не се запре ова лудило. Да не се продадеше ЕСМ на австриската ЕВН струјата денес сигурно немаше да биде толку висока“, велат од „Изгор-Приватизација“.
XS
SM
MD
LG