Достапни линкови

logo-print

Парламентарни избори во Холандија


Ротердам

Ротердам

Во Холандија денеска се одржуваат пареламентарни избори со изедначени шанси за централно-десничарската Либерална партија на премиерот Марк Рут и опозиционата централно-левичарска Лабуристичка партија.
Главна тема во кампањата беше кризата во еврозоната. Премиерот Рут се залага за намалување на дефицитот на Холандија додека лидерот на Лабуристите Диедерик Самсом бара зголемување на потрошувачката со цел отворање работни места. Изборите беа распишани откако Партијата на слободата на Герт Вилдерс ја повлече својата поддршка за фискална политика на владата.
Вилдерс се залага за повлекување на Холандија од еврото и Европската Унија.
XS
SM
MD
LG