Достапни линкови

Хашим Тачи - се отвара ново поглавје на Балканот


Премиерот на Косово, Хашим Тачи.

Премиерот на Косово, Хашим Тачи.

Претседателот на Косово Атифете Јахјага денеска изјави дека јасниот европски пат за целиот регион ќе создаде стабилност во овој дел на Европа, а премиерот Хашим Тачи истакна дека дијалогот мора да биде продолжен и оти единствено тој може да доведе до решение.
„Се отвара ново поглавје, а тоа е поглавје на развојот, помирувањето и разбирањето на Балканот“, изјави Тачи, додавајќи дека тоа треба да биде мото на целиот регион.
Јахјага рече дека Европа треба да биде единствена кога е во прашање Балканот, бидејќи тоа би помогнало во надминување на разликите меѓу земјите во регионот.
Досегашниот меѓународен цивилен претставник Питер Фејт порача дека Косово не ги завршило сите задачи на тој пат, како и дека се потребни натамошни напори во постигнување на напредок.
XS
SM
MD
LG