Достапни линкови

Во Хрватска уште три лица заразени од вирусот Западен Нил


Во Хрватска уште три лица се заразени со вирусот Западен Нил, покажуваат прелиминарните лабораториски анализи.
Националната референтна лабораторија на Хрватскиот завод за јавно здравство соопшти дека конечната потврда на лабораториските анализи е во тек.
Станува збор за три пациенти од Клиничкиот болнички центар во Осиек, на возраст од 48, 65 и 76 години.
Хрватскиот завод за јавно здравство истакна дека нема простор за паника бидејќи болеста не се пренесува од човек на човек, туку само со убод од комарец.
Првиот случај на треска предизвикана од вирусот на Западен Нил во Хрватска е забележан кај 65-годишен пациент од Славонски Брод, кој во болница е примен на почетокот на август.
XS
SM
MD
LG