Достапни линкови

Коалицијата во криза, Груевски молчи


Премиерот Никола Груевски го посети штандот за собирање идеи за партиската програма на претстојните локални избори, но не даде изјава за медиумите за владината криза.

Премиерот Никола Груевски го посети штандот за собирање идеи за партиската програма на претстојните локални избори, но не даде изјава за медиумите за владината криза.

Не се случува првпат премиерот Никола Груевски да не дава изјави кога треба да се одговори на тешки и непопуларни прашања, велат дел од аналитичарите.

Премиерот Никола Груевски се врати од Соединетите Држави, но сè уште не најде простор и време да и се обрати на македонската јавност. И тоа токму во моментот кога во собранието се води жестока расправа за законот за бранители кој уште повеќе ги разниша односите во владината коалиција.
Во секој случај тој кога-тогаш мора да го каже својот став и она што јавноста мора да го бара и да го очекува од премиерот е да излезе со став.

Домашните аналитичари велат дека стана препознатлив знак за Груевски да се појавува и зборува пред камерите само кога тој сака.
Премиерот Никола Груевски вчера присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираната улица „Самоилова“ пред влезот на тврдината Кале.

Премиерот Никола Груевски вчера присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираната улица „Самоилова“ пред влезот на тврдината Кале.


„Едноставно е намален бројот на негови изјави на клучни прашања што дури и може да се добие впечаток дека се крие и ги одбегнува одговорите на многу горливи прашања“, изјави универзитетскиот професор Здравко Савески.
Тие структури ги советуваат водачите да излезат и да ги објаснуваат само корисните и афирмативни работи, а кога се во прашање промашувањата обично тие се кријат, се невидливи или некој друг од трети или четврти ранг ќе даде изјава.

И професорот Мерсел Биљали вели дека неговото тактизирање кога и каде ќе се појави е резултат на стратегијата која ја гради тимот околу него.

„Тие структури ги советуваат водачите да излезат и да ги објаснуваат само корисните и афирмативни работи, а кога се во прашање промашувањата обично тие се кријат, се невидливи или некој друг од трети или четврти ранг ќе даде изјава.“

Во ваквото однесување на Груевски аналитичарите препознаваат „купување време“ за да се договорат и решат одредени прашања надвор од очите на јавноста.

„Во секој случај тој кога-тогаш мора да го каже својот став и она што јавноста мора да го бара и да го очекува од премиерот е да излезе со став“, вели Савевски

Биљали, пак, вели дека не секогаш ваквиот настап на премиерот пред гласачите му носи поени, но во најголемиот број случаи го штити од негативните политички ефекти.

„Го брани од лошите, од негативните поени, но обично на Балканот национализмот е сè уште некаков колективен допинг и сè уште е корисен, иако долгорочно тој е многу штетен и за граѓаните и за државата, но сè уште е профитабилен.“

Аналитичарите велат дека ова не е прв случај кога Груевски бега од одговорност да се соочи со тешки политички одлуки. Кога беше изгласан законот за амнестија на хашките случаи, тој рече дека одлуката ја донело собранието и тој мора да ја поддржи. Кога Македонија ја призна независноста на Косово, Груевски немаше официјална изјава, одлуката ја бранеше тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, иако пред да се случи официјалното признавање премиерот изјавуваше дека за Македонија е прифатливо решението што ќе биде донесено во ОН и дека за нас е битно со него да се заштитат интересите, суверенитетот и интегритетот на Македонија.

„Тешки одлуки кои може да влијаат врз неговиот рејтинг и едноставно ја префла топката, иако, како премиер, има одредена улога во решавањето на ситуацијата“, анализира професор Савески.

Пред заминувањето во Соединетите Држави, а веднаш по случувањата во Слупчане, премиерот Груевски изјави дека во ВМРО-ДПМНЕ се подготвени за предвремени избори, иако како што тогаш рече, не ги посакуваат.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG