Достапни линкови

Николиќ -Признавањето на Косово како услов не е став на ЕУ


Српскиот претседател Томислав Николиќ.

Српскиот претседател Томислав Николиќ.

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави денеска дека признавањето на независноста на Косово како услов за членство на Србија во ЕУ не е став на Унијата.
Тој нагласи дека тоа не е, ниту може да биде став на ЕУ, бидејќи доколку би бил „никогаш нема да имавме преговори“ за членство.

Николиќ истакна дека Србија со толкувањето како треба нејзините претставници да се однесуваат на собирите каде што учествуваат и Албанци, покажала дека е за дијалог и членство во ЕУ, а дека сега е на ред да се покаже Унијата.

Шефот на српската држава потсети дека тој веднаш по изборите изјавил дека е неприфатливо српската страна да ги напушта состаноците.
XS
SM
MD
LG