Достапни линкови

„Фич“ ја зголеми прогнозата за кредитниот рејтинг на Хрватска


Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ денеска ја зголеми прогнозата за кредитниот рејтинг на Хрватска, од негативна на стабилна, истовремено потврдувајќи го рејтингот за долгорочно задолжување во странска валута на „БББ-“ и во домашна на „БББ“.
Сепак, „Фич“ наведува дека имплементацискиот ризик е голем, како и дека изгледите за остварување раст на бруто домашниот производ се мали.
Клучен фактор со кој ќе се соочи хрватската Влада ќе биде дополнителното намалување на дефицитот и спроведувањето на структуралните реформи во контекст на пролонигран период на слаб економски раст, наведува „Фич“.
XS
SM
MD
LG