Достапни линкови

Оланд ќе го награди Пол Макартни со Легија на честа


Пол Макартни.

Пол Макартни.

Францускиот претседател Франсоа Оланд ќе го одликува поранешниот член на Битлси Пол Макартни со наградата Легија на честа за неговиот придонес во музиката. Церемонијата ќе се одржи на 8 септември во Елисејската палата во Париз. Макартни ќе биде прогласен за офицер на Легијата на честа, највисоката француска јавна награда. Наградата за првпат ја вовел Наполеон Бонапарта во 1802 година. Макартни во Велика Британија веќе е прогласен за витез од страна на кралицата Елизабета за неговиот придонес во револуцијата на популарната музика.
XS
SM
MD
LG