Достапни линкови

СДСМ бара Владата да го намали задолжувањето


СДСМ оценува дека задолжувањето е се поголемо и ја повика Владата да преземе итни мерки за негово намалување, изјави потпретседателот Зоран Јовановски.
Тој посочи дека од крајот на 2008 година јавниот долг кон странство е зголемен за повеќе од една милијарда евра и оти во првите седум месеци од годинава Владата се задолжила и на домашниот финансиски пазар за нови 180 милиони евра.

„Медиумите објавија дека според податоците на Министерството за финансии, јавниот долг надмина 30 проценти од бруто домашниот производ. Учеството на јавниот долг е уште поголемо“, оцени Јовановски, додавајќи дека во пресметките не е вклучен долгот по основ на невратен ДДВ и неплатени обврски кон фирмите.

Според СДСМ, проблематична е и намената на задолжувањето, односно тоа што парите се трошат за непродуктивни трошоци.
XS
SM
MD
LG