Достапни линкови

Грчкиот Синдикат предупреди дека невработеноста ќе достигне 29 отсто


Најголемиот грчки синдикат денеска предупреди дека стапката на невработеност во оваа земја следната година ќе достигне 29 отсто, доколку Владата го спроведе планираното дополнително штедење, кое треба да надмине 11,5 милијарди евра во следните две години.

„Грчката економија се движи надолу. Оваа година очекуваме пад на бруто домашниот производ од седум проценти. Тоа ќе доведе до невработеност од 24 отсто или 1,2 милиони луѓе“, изјави шефот на истражувачкиот оддел на синдикатот ГСЕЕ Савас Ромболис.

Според нивните проценки, невработеноста во 2013 година ќе се движи меѓу 28 и 29 отсто, односно без работа ќе останат 1,4 милиони граѓани.

Невработеноста во Грција во мај се зголеми на 23,1 отсто, додека меѓу младите до 25-годишна возраст тој процент изнесува 54,9 отсто.
XS
SM
MD
LG