Достапни линкови

Парична казна за докторката од Поликлиника Ѓорче Петров


Докторката од Поликлиниката Ѓорче Петров, Ксенија Мојсовска три месеци ќе зема помала плата за 20 проценти, според решението на директорот на Здравствениот дом на Скопје, Тања Баевска Вучковиќ на предлог на Комисијата за водење на дисциплинска постапка за дисциплински престап. Од здравствената институција му изразуваaт длабоко сочувство на семејството на починатиот пациент Петар Николовски.
Со донесувањето на Решението престанува важноста на претходно донесената Одлука за времено отстранување од работа на докторката.
Во заклучокот на Комисијата за водење дисциплинска постапка се вели дека докторката од морални, етички и професионални причини требало да излезе во критичниот момент и сама да изврши проценка за оддалеченоста на настанот и за можностите за укажување итна медицинска помош врз пациентот Петар Николовски од нејзина страна или од страна на службата за Итна медицинска помош.
XS
SM
MD
LG