Достапни линкови

Владата со мини пакет мерки за поддршка на металургијата


Со пакет од пет мерки Владата ќе им даде поддршка на компаниите од областа на металургијата за поуспешно функционирање во услови на европска криза и да не дозволат масовно отпуштање на работници. Пакетот предвидува 30 милиони евра од кредитната линија на Европската инвестициска банка да бидат приоритетно наменети за претпријатија кои се дел од металуршката индустрија, пролонгирање на рокот за добивање интегрирана еколошка дозвола за компаниите, интензивирање на активностите за решавање на сопственоста на земјиштето на компаниите во кругот на поранешна „Железарница Скопје“, каде се лоцирани голем дел од нив. Мерките предвидуваат и формирање балансни групи за планирање на производство и потрошувачката на електричната енергија, како и модернизација на железничката инфраструктура и возниот парк на железницата заради обезбедување поквалитетен транспорт на производите од металуршката индустрија.
XS
SM
MD
LG