Достапни линкови

logo-print

Ураганот Ајзак слабее - премина во тропска бура


Последици од ураганот Ајзак во Луизијана.

Последици од ураганот Ајзак во Луизијана.

Ураганот Ајзак повторно се врати на ниво на тропска бура. Сега под влијание на силните ветрови и обилниот дожд е Луизијана. Невремето кое од тропска бура премина во ураган, повторно се врати на првобитното ниво со брзина на ветрот од 80 километри на час. Градските власти поради невремето воведоа полициски час од зајдисонце до изгрејсонце, главно поради небезбедните услови и недостатокот на електрична енергија. Метеоролозите најавија постепено слабеење на бурата во текот на следните 48 часа, но предупредуваат дека сè уште претставува закана за животите на луѓето.
XS
SM
MD
LG