Достапни линкови

Министерството за одбрана веќе не го коментира Слупчане


Министерството за одбрана ги упатува сите заинтересирани институции и луѓе во врска со утврдувањето на дисциплинска одговорност за настанот во Слупчане, на Законот за одбрана и Законот за служба во АРМ. Министерството соопштува дека доколку се достави било каква иницијатива, Министерството ќе ја разгледа соодветно согласно законските прописи.
Министерството за одбрана смета дека нема прекршување на процедурите. Ставот на Министерството за одбрана е познат за настанот во Слупчане и веќе не го коментираат, велат од Министерството.

„Министерството за одбрана вниманието и енергијата целосно ја фокусира на реформите на одбраната и евроатланските интеграции заради подобра иднина на сите граѓани“, стои во соопштението.
XS
SM
MD
LG