Достапни линкови

Samsung ќе му плати милијарда долари оштета Apple


Федералниот суд во Калифорнија одлучи јужнокорејската компанија Samsung да и плати милијарда долари оштета на американската компанија Apple поради копирање на карактеристиките на iPhone и iPad. Поротата од судот во Сан Хозе три дена одлучувала за тоа кој кого копирал. Американската тужба е една само едно од многуте полиња за битка на овие два гиганта. Apple и Samsung, двете компании коишто продаваат повеќе од половината паметни телефони и таблет компјутери во светот, изминатата година судски се спореа во неколку земји во светот околу патентите и дизајнот на нивните производи. Освен во САД, компаниите водат судски спорови во Британија, Австралија и Јужна Кореја. Случајот во Калифорнија беше прв пред американска порота.
XS
SM
MD
LG