Достапни линкови

Во затвор во Венецуела убиени 20 луѓе


Повеќе од 20 луѓе загинале во еден затвор во Венецуела, во тепачка меѓу две завојувани групи, соопштија тамошните власти. Насилството избило синоќа во затвор кој се наоѓа јужно од Каракас. Министерката за затвори изјави дека дошло до судир меѓу две тешко наоружани групи во затворот и дека меѓу убиените освен затвореници има и еден што бил на посета кај затвореник. Од венецуелската опсерваторија за човекови права соопштуваат дека минатата година во затвори во земјата загинале 560 луѓе, а оваа година само во првата половина нивниот број изнесува 304.
XS
SM
MD
LG