Достапни линкови

Морси: смената на генералите за доброто на народот


Мохамед Морси

Мохамед Морси

Претседателот на Египет Мохамед Морси изјави дека одлуката за пензионирање на министерот за одбрана Хусеин Тантави и на началникот на генералштабот Сами Анан ја донел за доброто на народот. Тие одлуки не се насочени против одредени личности, ниту имав намера да ги попречувам институциите, ниту да ограничувам нечии слободи, рече Морси. Тој ги пофали оружените сили кои сега, како што истакна, ќе се концентрираат на светата мисија за заштита на земјата.
Војската досега не реагирала на сменувањето на генералите, а САД ги повикаа армијата и владата да работат заедно, затоа што соработката е многу важна.
XS
SM
MD
LG