Достапни линкови

ПКК ја презеде одговорноста за киднапирање на пратеникот


Киднапираниот пратеник.

Киднапираниот пратеник.

Милитанти на Курдската работничка партија (ПКК) ја презедоа одговорноста за киднапирањето на пратеникот во турскиот парламент Хусеин Ајгун. Тие велат дека турската армија со својата воена акција го става животот на пратеникто во опасност. Ајгун и самиот е Курд, а во парламентот е дел од опозициската Републиканска народна партија. Тој бил киднапиран во областа Овачик на пат кон провинцијата Тунчели која ја претставува во Парламентот. Турската војска испрати околу 200 војници во регионот по киднапирањето.
XS
SM
MD
LG