Достапни линкови

Лустраторите објавија уште две имиња


Илустрација

Илустрација

Комисијата за верификација на факти попладнево на својата интернет страница ги објави имињата и досиејата на уште две лица за кои утврди дека биле соработници на тајните служби. Станува збор за Исак Ајрули, советник во општина Боговиње и за Кирил Псалтиров, советник во општина Гази Баба.
Комисијата неделава ги потврди решенијата за Ајрули и Псалтиров, според новиот Закон за лустрација, кој меѓу другото предвидува нивно објавување на интернет во рок од три дена.

Комисијата за лустрација претходно објави имиња на уште 23 лица за кои утврди дека соработувале со тајните служби и го исполнуваат условот за ограничување на вршење јавна функција.
XS
SM
MD
LG