Достапни линкови

Младите од Европската слободна алијанса против Ламбринидис


Ставрос Ламбринидис

Ставрос Ламбринидис

Федерацијата на младински организации на партиите во Европската слободна алијанса, која е застапена во Европскиот парламент изрази загриженост поради назначувањето на Ставрос Ламбринидис за специјален претставнник на ЕУ за човекови права. „Неговото назначувањето е многу неприфатливо бидејќи личноста што треба да ја извршува таа функција мора да има меѓународна репутација на адвокат на човековите права и солидно искуство во таа сфера. Ламбринидис не само што го нема тоа, туку е познат и како агитатор на грчката владина пропагандна војна против Македонија“ стои во соопштението на оваа Федерација, во кое се додава дека тој никогаш отворено не зборувал за кршењето на правата на малцинствата во неговата земја.
XS
SM
MD
LG