Достапни линкови

Редовно неделно партиско препукување, овојпат за ЕУ и НАТО


Во шестата година од владеењето, политиките спроведувани од оваа политичка структура, и на внатрешен и на надворешен план, претставуваат само континуитет на лошите политики кои беа спроведувани пет години пред отчетот, изјави на денешната прес-конференција Стево Пендаровски, претседавач на Советот на СДСМ за безбедносни прашања и НАТО интеграции.
Тој рече дека во овој момент, Македонија нема ниту еден стратешки партнер кој може да и помогне во евроатлантланските интеграции.

„И тие неколку што ги имавме во Букурешт, повеќе не се зад нас, а Турција во оваа смисла не може многу да ни помогне затоа што и самата не е целосно интегрирана во тие организации“, рече Пендаровски.

Според СДСМ, за клучниот проблем кој ги кочи интеграциите не постои никаква суштинска активност, а македонската дипломатија, како што рече, нема капацитет да се грижи за националните и државни интереси надвор од нашите граници.

ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на прес-конференцијата на СДСМ, го повика Пендаровски да предложи решение за проблемот за влез во ЕУ и НАТО.

„Го повикуваме јавно Пендаровски да каже кое име и кој идентитет тој би го предложил, а кои Грција би ги прифатила“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG