Достапни линкови

logo-print

Словачкиот европратник Кукан против балкански Бенелукс


Словачкиот европратник Едуард Кукан

Словачкиот европратник Едуард Кукан

Словачкиот европратник и шеф на парламентарната делегација за Западен Балкан Едуард Кукан оцени дека идејата за формализирање на соработката на некои балкански земји, односно своевиден балкански Бенелукс, е нерална. ,,Таквиот предлог секогаш ќе предизвикува претпазливост и заради страхувањето на соседните држави од создавање на голема Албанија,, изјави Кукан, кој додаде дека Европскиот парламент сериозно ја зема предвид регионалната соработка на државите и оти според резултатите на таа соработка се вреднуваат одделните држави во Западен Балкан. Големо внимание на јавноста предизвика неодамнешната идеја на еден косовски новинар и на австриски економист кој живее во Тирана, Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора да ја зголемат соработката до ниво на некаков балкански Бенелукс со што ќе ги зголемат шансите за влез во Европската унија.
XS
SM
MD
LG