Достапни линкови

logo-print

Путун бара судот да биде „нежен“ кон панкерките


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не треба да бидат престрого казнети девојките од Панк Групата „Pussy Riot“, кои се во притвор поради перформанс што го изведоа во главната катедрала во Москва во знак на протест против владењето на Путин. Тој изјави дека нема ништо добро во тоа што го направиле но смета дека нема потреба од престрога казна и се надева дека судот ќе донесе коректна одлука. На 21-и февруари пет фанови и членките на Pussy Riot носејќи маски се втурнале во проповедалницата каде што е забранет влезот за несвештени лица и дошле до олтарот. Девојките беа притворени во февруари а судскиот процес против нив започна пред неколку дена, а тие се соочуваат со можна казна од 7 години затвор.
XS
SM
MD
LG