Достапни линкови

Баросо бара „итна акција “ од Атина


Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо изјави вчера дека грчката влада мора да ги исполни ветувањата за спроведувањето на реформите за штедење. По средбата со премиерот Антонис Самарас во Атина Баросо изјави дека доволно се одложувало спроведувањето на мерките и дека зборовите веќе не се доволни односно дека е неопходна „итна акција и резултати“.
Грција вети дека ќе ги исполни реоформите за буџетски кратења со цел да може да ги врати парите од заемот.
Посетата на Баросо на Атина се совпадна со посетата на европската тројка- претставници а Европската Централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и ЕУ.
XS
SM
MD
LG