Достапни линкови

logo-print

Оланд- депортацијата на Евреите во 1942 е криминално дело


На церемонијата за одбележување на 70-годишнината од најголемата депортација на француските Евреи за време на Втората светска војна, францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека депортацијата била кривично дело „извршено во Франција, од страна на Франција.“

Тој изјави дека „ниту еден германски војник не учествувал во текот на целата оваа операција.“ На 16 и17 јули, 1942 година, француската полиција почитувајќи ги германските нарачки депортирала повеќе од 13 илјади Евреи од Париз во концентрациониот логор Аушвиц. Само околу 100 преживеале. На церемонијата на која присуствуваа претставници на владата, еврејските верски водачи, како и роднините на жртвите на Холокаустот, Оланд рече дека владата ќе ги истражи сите анти-семитски акти и изјави.
XS
SM
MD
LG