Достапни линкови

Од почетокот на конфликтот во Сирија загинале 19 илјади луѓе


Повеќе од 19 илјади луѓе загинале во Сирија од март минатата година од почетокот на конфликтот, досега, соопшти сириската обсерваторија за човекови права. Според нивните податоци од 19.106 загинати, 13. 296 се цивили, 4.861 сириски војници и 949 дезертери. Активистите соопштија дека во Дамаск и во Апело од утрово продолжуваат жестоките борби меѓу сириските бунтовници и регуларната војска која се обидува да ја преземе контролата над повеќе квартови во тие два града. Само вчера во Сирија загинале 164 луѓе, меѓу кои 86 цивили.
XS
SM
MD
LG