Достапни линкови

Бензинот поскапува за 5 денари, дизелот за 4


Бензинот поскапува за пет денари, цената на дизелот и екстралесното гориво ќе се зголеми за четири денари, a на мазутот за три денари. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука да ги зголеми малопродажните цена на горивата поради тоа што се зголeмуваат цените на нафтените деривати на светските пазари, се вели во соопштението на Комисијата.
Согласно одлуката, од ноќеска литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по 80,50 денари, Еуросупер БС-98 po 82 денари, цената на Еуродизелот ќе изнесува 68,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 57 денари за литар, малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 42,460 денари.
XS
SM
MD
LG