Достапни линкови

logo-print

Балканот врие, пожари и горештини на сите страни


Реонот на Балканот речиси цела недела е зафатен од високи температури под влијание на топол бран кој доаѓа од Северна Африка, што предизвика и разгорување на повеќе шумски пожари кои пожарникарите се уште се обидуваат да ги стават во контрола.

Во целиот регион најтопло е во Турција каде во некои делови живата во термометрите вчера се искачи и над 50 степени. На Кипар температурата вчера достигна до 42 степени Целзиусови, што според метереолозите, е за седум степени повисоко од просекот за овој период од годината. Во Атина денеска се очекуваат температури од 42 степени Целзиусови, поради што Акропол ќе биде затворен за посетители по 14 часот. Во некои делови на Грција се најавуваат температури и до 43 степени. Во Солун, на Халкидики, во северна Грција, на полуостровот Пелопонес и на островите Крф, Левкада, Кефалонија, Итака и Закинтос е прогласена црвена фаза на опасност од горештините.

Во Грција викендов имаше и повеќе пожари источно од Атина и во северниот дел на земјата. Најголемиот пожар избувна во шума покрај Солун, кој бил предизвикан од неизгасната цигара. Пожари се регистрирани и на Крит, на Родос и во реонот Св. Константин на островот Кефалонија, во чие гаснење се вклучени два авиони, еден хеликоптер и неколку десетици пожарникари и војници.
Високите теемператури вчера предизвикаа интензивирање на пожарите во севeрните делови на Црна Гора, а ситуацијата беше најсериозна во селото Премќани кај Плевља, каде изгореа пет куќи.

Во јужните делови на Романија во текот на викендот температурите се движеа меѓу 39 и 41 степен, што резултираше со рекорден број туристи на црноморскиот брег на. Наспроти високите температури на југот, источна Романија синоќа и во текот на минатат ноќ беше зафатена од невреме проследено со силен ветер и дожд.
XS
SM
MD
LG