Достапни линкови

Портокалова фаза утре во скопскиот, југоисточниот и пелагонискиот регион


Скопскиот, југоисточниот и пелагонискиот регион утре ќе бидат зафатени со топлотен бран од портокалова фаза. Другите региони во државата ќе бидат во жолта или во зелена фаза, соопшти Министерството за здравство согласно добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи.
За таа цел треба да се почитуваат мерките за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор.
Со цел заштита на населението од високите температури, во регионите зафатени од топлотниот бран, се препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се - бремените жени и на лицата над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 16 часот
XS
SM
MD
LG