Достапни линкови

Американците ќе посвојуваат руски деца по посебни договори


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на потпишување на договорот за посвојување, 13 јули 2011.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на потпишување на договорот за посвојување, 13 јули 2011.

Руската Дума го ратификуваше билатералниот договор со САД за усвојување на руски деца од страна на американските граѓани. Договорот беше потпишан во 2011 година по еден озлогласен настан од 2010 кога една Американка го испрати 7-годишниот посвоен син сам да се врати назад во Русија, со објаснување дека тој имал проблеми во однесувањето.

Според новиот договор, сите посвојувања ќе треба да се обработат преку руските регистрирани агенции. Оние агенции ќе треба да го следат воспитувањето и ќе и доставуваат извештаи на руската влада. Од друга страна, пак, потенцијалните американски родители ќе треба да поминат повеќе медицински и прихолошки тестови пред да им биде дозволено посвојување на руски деца. Посвојувањето на руски деца во САД го достигна својот врв во 2004 година, кога биле посвоени 5862. Минатата година според Стејт Департментот биле посвоени 970 руски деца од страна на американски граѓани.
XS
SM
MD
LG