Достапни линкови

logo-print

Египетскиот претседател наредил повторно свикување на парламентот


Египетскиот претседател Мохамед Морси .

Египетскиот претседател Мохамед Морси .

Египетскиот претседател Мохамед Морси наредил повторно свикување на парламентот, кој беше распуштен од војската. Исламистичката партија Муслиманско братство, чиј член е Морси, има мнозинство во парламентот. Морси рекол дека парламентот мора повторно да се свика за да може да се одржат нови избори, објави египетската државна новинска агенција МЕНА. Тој повикал, изборите да се одржат 60 дена по донесувањето на новиот устав, кој се очекува да биде донесен до крајот на годинава.
Минатиот месец, тогаш владејачкиот воен совет го распушти парламентот врз основа на пресуда на Врховниот уставен суд.
На потегот на Морси се гледа како на спротивставување на армиската „уставна декларација“ од 16 јуни која и дава законски надлежности на армијата и во голема мера ги намалува овластувањата на претседателот. Армијата официјално му ја предаде власта на Морси на 30 јуни годинава.
XS
SM
MD
LG