Достапни линкови

Баросо апелира за обновување на израелско - палестинските преговори


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска за време на состонокот со палестинскиот премиер Салам Фајад во Рамалах, апелирал повторно да се започне со израелско - палестинските преговори.

„Пореметувањата во арапскиот свет на што сме сведоци сме, треба да бидат мотив, а не препрека за повторен почеток на преговорите“, изјавил Баросо.

Тој вчера ја започна првата посета на Израел и на палестинските територии откако е избран за претседател на ЕК.

Израелско - палестинските преговори се блокирани од септември 2010-та и покрај напорите на САД, ЕУ, Русија и ОН.
Баросо денеска изјави дека разрешавањето на палестинско- израелскиот конфликт е стратешки приоритет за ЕУ.
Претседателот на ЕК утре треба да се состане со израелскиот претседател Шимон Перез и со премиерот Бенјамин Нетенјаху.
XS
SM
MD
LG