Достапни линкови

Во Русија во поплави најмалку 46 лица го загубија животот


Најмалку 46 лица ги загубиле животите во поплави во руската јужна област Краснодарски Крај, јавија агенциите. Локалната полиција соопшти дека најголем дел од телата биле пронајдени во областа Крумск. Официјални претставници објавија дека во тек е евакуација на населението. Во овој регион, каде што изобилните дождови предизвикале излевање на реките, живеат околу 13,000 луѓе.
XS
SM
MD
LG