Достапни линкови

Понта нема да си поднесе оставка


Романскиот премиер Виктор Понта рече дека одлуката на научната комисија која потврди дека неговата докторска дисертација е плагијат е политички мотивирана и оти поради тоа нема да поднесе оставка на својата функција. Понта изјави дека одлуката ја гледа како дело на претседателот Трајан Басеску со кого коалицијата на Понта дојде во судир по доаѓањето на власт минатиот месец, најмногу поради несогласувањата околу тоа кој треба да ја претставува Романија во Европакиот совет.
Научната комисија вчера соопшти дека 85 од 400 страници од докторската дисертација на Понта е плагијат и препорача да му биде одземена титулата доктор на науки.
XS
SM
MD
LG