Достапни линкови

logo-print

Европското ембарго може да влијае на преговорите со Иран


Официјален Техеран предупреди дека ембаргото за увоз на иранска нафта може да има негативни ефекти врз преговорите со Европската унија за спорната нуклеарна програма на исламската република. Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Рамин Мехманпараст го даде предупредувањето на неколку дена пред стапување на сила на ембаргото и по минатонеделните неуспешни преговори во Москва меѓу претставници на иранските власти и шестте светски сили. Западните земји се загрижени дека со иранската нуклеарна програма може да се произведе оружје.
XS
SM
MD
LG