Достапни линкови

Екс-премиерот на Либија екстрадиран од Тунис


Поранешниот либијски премиер бил екстрадиран од Тунис во Либија, јавуваат медиумите повикувајки се на извори во двете земји. Туниската новинска агенција ТАП, повикувајки се на извори од кабинетот на тунискиот претседател, јави дека ал-Багдади Али ал-Махмуди пристигнал во Трипли денеска. Екс-премиерот пристигнал во главниот град на Либија и моментално е во затвор, јави новинската агенција Ројтерс, повикувајки се на извори од либијското министерство за надворешни работи.
XS
SM
MD
LG