Достапни линкови

Двајца приведени за инволвираност во масакрот во Сребреница


Полицијата во Босна и Херцеговина соопшти дека двајца Срби биле приведени под сомненија за инволвираност во масакрот во Сребреница за време на војната во земјата од 1992 до 1995 година. Обвинителството потврди дека станува збор за екс-командантот Остоја Станишиќ и неговиот заменик Марко Милошевиќ. Двајцата биле приведени во регионот Зворник во истокот на Босна. Тие се сомничат за инволвираност во убиствата на 1,000 од осумте илјади убиени мажи и момчиња муслимани, масакар кој српските сили го извршија по окупацијата на Сребреница во 1995 година.
XS
SM
MD
LG