Достапни линкови

Судија повреден во експлозија во Ирак


Ирачки судија надлежен за случаи за тероризам е повреден во експлозија на автомобил бомба во градот Киркук во северот на Ирак. Најмалку двајца загинале во инцидентот а уште десетмина се повредени. Судијата Азиз Ибрахим е хоспитализиран и е вон животна опасност. Полицијата соопшти дека експлозивната направа била активирана додека судијата одел на работа.
XS
SM
MD
LG