Достапни линкови

logo-print

Грците против Германија со Меркел пред очите


Голем дел од Грците сметаат дека Ангела Меркел ги принудува да штедат, па сакаат да и се "одмаздат" преку фудбалот и да ја елиминираат Германија.

Германската репрезентација не ја интересираат политичките импликации од четврт-финалето против Грција на Европското првенство во фудбал и се конценрира само на натпреварот, изјави денеска селекторот на Германија Јоаким Лев.
Грција се надева на изненадување во петок во Гдањск против земјата, чиј канцелар Ангела Меркел, преку Европската Унија, врши притисок врз грчката влада да спроведува остри мерки за штедење за да го избегне банкротот.

Според Јоаким Лев, станува збор за обичен фудбалски натпревар. Имаме одлични релации со Ангела Меркел и еднаш се договоривме дека таа нема да се меша во нашата тактика, а јас нема да се мешам во нејзините политички изјави, изјави Лев.
Сепак, германскиот одбрамбен играч Холгер Бадштубер се согласи дека четвртфиналниот напртевар со Грција има и политичка димензија за нивниот противник, но не и за германскиот тим. Тоа нам ништо не ни значи, ние само сакаме да победиме, изјави Бадштубер.

Инаку, Јоаким Лев ги отфрли критиките за слабите игри на Месут Езил, истакнувајки дека тој со секој натпревар е се подобар.

Во меѓувреме, менаџерот на Месут Езил вложил приговор против непознат сторител за расистички навреди против Езил на социјалната мрежа Твитер. Таткото на Езил побарал навредувачот да биде идентификуван. Имено, некој напишал дека Езил не е вистински германец и оти во националниот тим треба да играат само фудбалери со германски имиња.
Од германската влада соопштија дека канцеларката Ангела Меркел ќе присуствува на натпреварот во петок во Гдањск.
XS
SM
MD
LG