Достапни линкови

Грција пред избор: драхма или евро?


Во Грција утре се одржуваат парламентарни избори, по втор пат за два месеца, откако по мајските избори никој не успеа да состави влада. Лидерот на грчката конзерватива партија Нова демократија, Андонис Самарас, ветува дека Грција ќе остане во евро-зоната. Радикалната левичарска партија Сириза се изјаснува дека ќе го раскине договорот со меѓународните кредитори во врска со мерките за штедење. Овие две партии се најсериозни кандидати за победа на изборите. Доколку новата влада на Грција ги прекине договорите со кредиторите, веќе нема да добива позајмици и ќе излезе од евро-зоната. Според аналитичарите, последици може да има и врз глобалната економија бидејки ќе се намали довербата во еврото.
XS
SM
MD
LG