Достапни линкови

Русија бара да се смират фановите


Руската фудбалска унија побара од фановите да се однесуваат пристојно на мечовите на „Еуро 2012“ откако УЕФА ја казни Русија со 150,000 американски долари за немирите кои ги предизвикале навивачите. Казната е поради непристојните банери и фрлањето петарди за време на натпреварот меѓу Русија и Чешка. Потоа, руските навивачи се степаа со локалните фанови на улиците на главниот град на Полска, по што Рускиот претседател Владимир Путин побара Варшава да превземе целосна одговорност за безбедноста на навивачите. Околу 20.000 руски навивачи се очекува го следат финалниот натрпевар на Русија во А групата против Грција на 16 јуни.
XS
SM
MD
LG