Достапни линкови

Аунг Су Ки во посета на Женева


Мјанмарската про-демократска лидерка, Аунг Су Ки е во прва посета на Европа во последниве 24 години. Су Ки денеска во Женева ќе има обраќање пред Меѓународната организација за труд на Обединетите Нации. Една од главните станици на нејзината дво-неделна турнеја низ Европа, ќе биде Осло, каде што конечно ќе ја прими Нобеловата награда за мир, која и е доделена уште во 1991-ва година. Аунг Су Ки за време на воениот режим во Мјанмар, со години беше во домашен притвор.
XS
SM
MD
LG