Достапни линкови

Убиен милитантски лидер во Северен Кавказ


Безбедносните сили во руската република Карачаево – Черкесиа во регионот на Северен Кавказ убиле неколкумина милитанти меѓу кои и милитантски лидер. Властите утврдиле дека еден од убиените е 26 годишниот Умар Баичоров кој се товари за обмислување и изведба на неколку напади врз полицијата минатата година. Офанзивата на безбедносбните сили се случила доцна вчеравечер.
XS
SM
MD
LG