Достапни линкови

Собранието на Република Македонија ќе ја продолжи 34-та седница


На дневниот ред на 34 - та седница се Извештајот за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2011 година и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители. За дополнетиот Предлог - закон за здравствена задолжница, по барање на ДУИ, денеска исто така треба да расправа и Комитетот за односи меѓу заедниците, по што ќе се гласа во Собранието.
Пратениците вчера расправаа по дополнетиот предлог - закон за здравствена задолжница,чија цел е подобро да се планираат буџетите на Јавните здравствени установи и да се порамнуваат меѓусебните долгови. СДСМ смета дека со ова Јавните здравствени установи се ставаат во многу поповолна положба од другите доверители.
XS
SM
MD
LG