Достапни линкови

Руската полиција упаѓа во станови на опозиционери


Руски опозиционери тврдат дека полицијата вршела претрес во домовите на некои опозициони лидери. Денеска изутрина во домовите на Борис Немцов и Иља Јашин упаднала полицијата, а Александар Навални на Твитер постирал дека и во неговиот дом бил извршен претрес. Руската полиција соопшти дека претресите се во врска со нарушувањата на јавниот ред и мир за време на демонстрациите на опозицијата на 6-ти мај. Опозицијата за утре планира нови масовни протести против владеењето на претседателот Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG