Достапни линкови

Француските трупи од Авганистан се повлекуваат во јули


Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд потврди дека француските трупи ќе се повлечат од Авганистан во почетокот на јули, а повлекувањето ќе заврши кон крајот на годината. Оланд изјави дека до тогаш треба да се направи се што е потребно со цел француските војници да ги извршат своите задачи и оти нивната безбедност мора да биде зголемена.
-Јас лично ќе се ангажирам околу тоа и ќе претставувам гаранција за тие операции, изјави францускиот претседател.
Од 2001 година досега во Авганистан загинале 87 француски војници.
XS
SM
MD
LG